Тиафо го „нокаутира“ Надал: Леброн и Ембид скокаа од среќа (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Франсис Тиафо е најпријатното изненадување на Ју-Ес Опен, откако минатата ноќ го надигра шпанскиот тенисер Рафаел Надал.

Посебно воодушевени од успехот на Тиафо беа НБА-кошаркарите, Леброн Џејмс и Жоел Ембид кои беа среќни поради нивниот сонародник.

„Честитам, млад кралу. Го заслужи тоа“, напиша Леброн на неговиот профил.

Интересно е тоа што на трибините беше и Бредли Бил, односно кошаркар на неговиот омилен тим Вашингтон визардс, кој уживаше во настапот на американскиот тенисер.