Тиаго Силва го моли Нејмар: Немој да заминеш од ПСЖ!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нејмар долго време се поврзува со заминување од ПСЖ, а за него интерес покажаа Реал Мадрид, Барселона и Јувентус, но сепак Каталонците се најблиску до неговиот потпис.

Иако дел од навивачите сакаат Нејмар да го напушти Париз, сепак неговиот соиграч Тиаго Силва го замолил Бразилецот да остане во францускиот шампион.

„Нејмар е еден од најдобрите фудбалери на клубот. Тој беше во Барселона, но сега настапува за нас. Да, има проблеми меѓу клубот и фудбалерот, а ние не смееме да се мешаме во нив. Сепак, јас се надевам дека ќе остане. Наскоро ќе биде позната неговата иднина“, кажа Силва.

Сите чекаат да стигне втори септември, кога се очекува крај на сапуницата.