Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тиери Анри е во напредни преговори да стане нов менаџер на Њујорк Ред Булс, членот на МЛС Лигата кој се мачи на почетокот на оваа сезона.
Првата самостојна тренерска работа на Анри заврши катастрофално. Французинот по само 20 натпревари поминати на клупата на Монако заработи отказ откако победи само на пет натпревари.
Сепак, сега Анри, барем како што пренесува „Скај Спортс“ ќе седне на клупата на клубот во кој играше од 2010 до 2014 година.
Њујорк Ред Булс има лош старт на сезоната со само една победа во шест одиграни кола во МЛС Лигата.