До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Вечерва ќе се комплетираат ¼ финалињата и во Лига Европа и во конференциската лига. Очекуваме интересни и возбудливи натпревар, а ова е нашиот предлог тикет за денес.
Лион – Селта – ГГ @ 1.91 во 1xBit
Лион направи добар резултат во првиот дуел, но треба да нагласиме дека Селта играше со играч помалку скоро цело второ полувреме. Сега започнуваат од нула, а реално гледано шансите за двете екипи се еднакви. Лион не е во некоја добра форма и нема победа на последните шест натпревари во сите натпреварувања. Селта од друга страна во Ла Лига го зазема 6-то место, но без реални шанси да стигне до 4-та позиција и до пласман во Лигата на шампиони. Овде ние очекуваме голови и типуваме ГГ со квота 1.91 во 1xBit.
Митиланд – Нотингем Форест – 3+ @ 1.80 во BetLabel
Митиланд играше доста стабилно во првиот натпревар, а на 10-тина минути пред крајот стигнаа до победа и на тој начин ги максимизираа шансите за да стигнат во ¼ финалето од Лига Европа. Нотингем Форест не е тим кој лесно се предава, но тие имаат други проблеми и грчевито се борат за опстанок во домашното првенство. Во неделата повторно не постигнаа погодок на домашен терен, но на гости играат поеефикасно и делуваат похрабри. Овде пред се очекуваме отворен и ефикасен натпревар со најмалку три погодоци. Типуваме 3+ со квота 1.80 во BetLabel.
АЕК Ларнака – Кристал Палас – 0-2 @ 1.90 во 22Bet
Никој не можеше да претпостави дека Кристал Палас нема да го победи кипарскиот АЕК во првиот натпревар и тоа на домашен терен, но сепак тоа се случи. Повторно Орлите беа неефикасни и не успеаа да ја затресат мрежата на второпласираниот тим од кипарскиот шампионат. АЕК Ларнака во Европа започна уште во средината на јули и самиот пласман до овој дел за нив е огромен успех. Кристал Палас на овој натпревар ќе даде се од себе за да стигне до ¼ финалето, но големо е прашањето дали ќе успеат во тоа. Ние овде типуваме 0-2 гола со квота 1.90 во 22Bet.
ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО 22Bet: 6.53
Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk











