Тикет на денот (четврток, 20.02.2025)


На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓


Вечерва на програмата се реванш натпреварите од баражот за 1/8 финалето во преостанатите два европски купови. Ова е нашиот предлог тикет за денес.

Галатасарај – АЗ Алкмар – ГГ3+ @ 1.75 во Mozzart

Воопшто нема да биде лесно Галатасарај да ги надомести трите гола од Алкмар од минатиот четврток. Турскиот шампион на овој натпревар мора да тргне на се или ништо, а искрено имаат потенцијал да постигнат три погодоци против секој тим. Алкмар пак е во серија од четири победи од кои две во домашното првенство, една во купот и една во Лига Европа. Во Холандија нема да се борат за титула, но можат да стигнат до квалификациите за Лигата на шампиони. Овде очекуваме пред се ефикасен натпревар, па затоа се одлучивме да типуваме ГГ3+ со квота 1.75 во Mozzart.

Стеауа – ПАОК – ГГ @ 1.78 во 22Bet

Љубителите на фудбалот беа изненадени од исходот на првиот натпревар. Познато е како гостите поминуваат во Солун, но во тие ретките се најде и Стеауа, тимот кој славеше со 2-1 и тоа после негативата од 1 гол во првото полувреме. Шампионот на Романија е во многу добра форма и има три врзани победи, а исто така се врати и на врвот на табелата. ПАОК ќе има доста тешка задача и за нив ова натпреварување е од големо значење со оглед на тоа што имаат солиден заостаток зад лидерот Олимпијакос. На овој дуел очекуваме гол на двете страни, а коефициентот за ГГ во 22Bet изнесува 1.78.

Хајденхејм – Копенхаген – ГГ3+ @ 1.90 во Bet365

Хајденхејм се снајде одлично во Европа, но затоа во Бундеслигата бележат катастрофални резултати, па дури и опстанокот им е доведен во прашање. Ова е нивна втора сезона во елитата, а во првата изборија пласман за европските купови и може да кажеме дека со тој историски успех се комплетно задоволни. Копенхаген пак забележа пораз во првиот натпревар и овде мора да се „одмазди“ за тоа или пак во спротивно да се збогува со Европа. Данците имаат капацитет да го направат тоа, но веруваме дека Хајденхејм нема лесно да се предадат. Наш предлог е ГГ3+ со квота 1.90 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 5.92

Коефициентите од Bet365 се преземени на 20.02.2025 во 08:30 часот

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk