Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Ова е ден каде што имаме фантастичен избор. Играат Англичаните во сите лиги, а покрај нив имаме и некои други домашни првенства кои ќе бидат активни. Ова е нашиот предлог тикет за денес.
Борнмут – Кристал Палас – 3+ @ 1.70 во Mozzart
Домаќините на почетокот од Божик се наоѓаат на 5-то место на табелата. Малку кој тоа воопшто можеше да го предвиде, но тренерот Ираола прави фантастични работи со овој тим и сега само „небото им е граница“. Моментално се во серија од 5 натпревари без пораз со дури 13 освоени бода и на овој натпревар влегуваат со одлично расположение. Кристал Палас доаѓа после убедливиот пораз од Арсенал на домашен терен. Орлите играа добро до пред седум дена, имаа пет натпревари без неуспех, но потоа во само четири дена два пати запишаа пораз од Топџиите. Овие две екипи знаат да изиграат ефикасно, па очекуваме и овој пат да биде така. Наш предлог е 3+ со квота 1.70 во Mozzart.
Мехелен – Стандард – 1 @ 1.80 во 22Bet
Домаќините се во серија без победа и испаднаа од плеј оф. Моментално се на 7-та позиција и заостануваат 2 бода зад Ројал Унион, последниот тим кој е во зоната за плеј оф. Делува дека неопходна им е победа со оглед на тоа што во последните четири натпревари зедоа само два бода. Стандард пак е на 10-то место, но бодовно не заостануваат многу во однос на зоната за Плеј оф. Ние овде веруваме дека тимот на Мехелен ќе победи и типуваме 1 со квота 1.80 во 22Bet.
Ал Масри – Ал Ахли – 0-2 @ 1.55 во Bet365
Домаќините ја препуштија лидерската позиција на Замалек кој се изедначи со Ал Масри на врвот на табелата, но тимот од Александрија има натпревар помалку. Тоа е овој дуел со Ал Ахли, актуелниот шампион на Египет, но и на цела Африка. Во последно време, Ал Ахли е најдобар тим и максимално доминира на црниот континент. Ал Масри пак има гранитна одбрана и во првите пет кола не примија ниту еден гол, па со 4 постигнати стигнаа до 11 бода. Очекуваме овде тврд натпревар без многу погодоци и типуваме 0-2 гола со квота 1.55 во Bet365.
ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 4.74
Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk