Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Вечерва се завршува лига делот од Лига Европа. Многу дилеми ќе бидат решени околу 23 часот, а ова е нашиот предлог тикет за денес.
Ференцварош – АЗ Алкмар – 1 @ 2.41 во Mozzart
Еден од поважните натпревари од оваа рунда се игра во Будимпешта. Ференцварош има само една математика и тоа победа го води во бараж за 1/8 финале, реми им остава надеж, а во случај на пораз, тие ќе мора да го завршат натпреварувањето. АЗ Алкмар во минатото коло го победи тимот на Рома и релативно растеретени влегуваат на овој натпревар. За Ференцварош овој дуел има големо значење, па веруваме дека нема да се коцкаат и дека ќе победат. Наш предлог е 1 со квота 2.41 во Mozzart.
Макаби – Порто – 2&2+ @ 1.54 во 22Bet
Израелците тука го завршуваат европскиот поход и не може да се каже дека разочараа и покрај сите проблеми со кои се соочуваа за време на ова натпреварување. Групната фаза од Лига Европа ја играа како домаќини во Белград, на стадионот на Партизан, каде што ќе го пречекаат и својот последен ривал, екипата на Порто. Домќините ги загубија сите шанси за пласман во бараж уште во минатото коло кога запишаа пораз од Бодо. Порто пак исто така забележа пораз од Олимпијакос, а потоа врза уште едно реми во домашното првенство. Сепак овде гостите се издвојуваат како фаворити, а ние типуваме 2&2+ со квота 1.54 во 22Bet.
Билбао – Плзен – 1 @ 1.74 во Bet365
Баскијците паднаа во формата после празниците и во јануари запишаа само една победа во сите натпреварувања каде што настапуваат. Триумфираа против Селта, а беа елиминира од Купот на Кралот и од Супер купот. Минатиот викенд не успеаја да го победат ниту тимот на Леганес, па тоа јасно зборува дека на овој дуел влегуваат со лошо расположение. Плзен од друга страна се на средината на табелата во Лига Европа и извесно е дека ќе имаат можност да играат во нокаут фазата, но мали се шансите да обезбедат директен пласман во 1/8 финалето. Како и да е, на овој дуел предност даваме на домаќините и типуваме 1 со квота 1.74 во Bet365.
ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 5.71
Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk