Уште еден ден со фантастична понуда е пред нас. Ние дадовме „се од себе“ за да ја направиме вистинската комбинација. Ова е нашиот предлог тикет за денес.
Арсенал – Челзи – ГГ @ 1.75 во BC.Game
Арсенал официјално ја започна сезоната со титула. Тие во англискиот Куп го надиграа Манчестер Сити, а потоа запишаа две победи во англиската Премиер лига, па со тоа докажаа дека и оваа година се сериозни кандидати за титула. Челзи започна исто така одлично, а и тие имаат високи очекувања, па искрено нема да не изненади добра позиција за тимот од Лондон. Овде Арсенал е фаворит, но мотивот е огромен на двете страни, па ние решивме да типуваме ГГ со квота 1.75 во BC.Game.
Ајнтрахт Франкфурт – Аугсбург – 3+ @ 1.42 во 22Bit
Тимот од Франкфурт зеде само еден бод на премиерата од Бундеслигата. Тие имаа водство од 1-3 против Унион Берлин до 79-та минута од натпреварот, но за жал мораше на крајот да се задоволат само со реми. Баварците покажаа доминација против Шалке и победија со високи 3-0, па ако денот се познава по утрото, тогаш ова би требало да биде одлична сезона за тимот на Аугсбург. Овде очекуваме ефикасен пристап од двете страни и најмалку три погодоци. Типуваме 3+ со квота 1.42 во 22Bit.
Еспањол – Севиља – Х2 @ 1.62 во 20Bet
После победата на Еспањол над Леванте во првото коло, Каталонците запишаа два последователни порази. Тоа до некаде искрено и не е некое изненадување бидејќи од овој тим сите очекуваат само навремен опстанок и ништо повеќе. Севиља за разлика од претходните сезони, овој пат започнаа солидно и запишаа две победи и еден пораз од Атлетико Мадрид. Ние веруваме дека тимот од Андалузија на овој дуел ќе остане непоразени, па одлучивме да итпуваме Х2 со квота 1.62 во 20Bet.
Анжер – Рен – 2 @ 1.83 во 22Bet
Екипата на Анжер важи за просечен тим во француската Лига 1. Тие лани успеаа да обезбедат опстанок на самиот крај на сезоната, а овој пат целта им е тоа да биде што порано и понавремено. Рен пак започна фантастично и успеа да земе бод против ПСЖ, а сите три бода да ги освои на дуелот против Ле Ман, па во моментов се на горниот дел на табелата. Овде веруваме дека гостите ќе освојат три бода, па одлучивме да типуваме 2 со квота 1.83 во 22Bet.
ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО 22Bet: 7.37
Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk











