Тикет на денот (недела, 22.02.2026)


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Денешниот ден изобилува со натпревари кои ќе се играат ширум Европа, па искрено немавме поголеми потешкотии околу составувањето на тикетот за денес. Ова е нашиот предлог.

Милан – Парма – 1/1 @ 1.95 во 1xBit

Тимот на Милан и покрај тоа што има солиден заостаток во однос за Интер, се уште не може да го отпишеме од Скудето за оваа сезона бидејќи до крајот има уште многу. Тие оставија добар впечаток досега, а веруваме дека со добрите игри ќе продолжат и понатаму. На гости им доаѓа тимот на Парма кој врза две последователни победи и во моментов се на сигурно, а со оглед на нивните амбиции, тие можат да бидат задоволни со досегашниот учинок. Наш предлог за овој натпревар е 1/1 со квота 1.95 во 1xBit.

Хајденхејм – Штутгарт – 2 @ 1.70 во 22Bet

На малку потежок начин во ланската сезона, тимот на Хајднехејм обезбеди опстанок. Тие мораше да изиграат уште еден двомеч во рамките на баражот и за среќа останаа во елитата, но за жал оваа година работите се полоши и најверојатно следната сезона ќе мора да се преселат во Цвајт бидејќи се на последната позиција на табелата. Швабите од друга страна бележат солидни резултати и се едни од поголемите фаворити за пласман во ЛШ, а веруваме и дека ќе го остварат тоа. Наш предлог за овој натпревар е 2 со квота 1.70 во 22Bet.

Барселона – Леванте – 1/1 @ 1.44 во BetLabel

Барса запиша тежок пораз во последниот првенствен натпревар и тоа од Жирона. Тие иако постигнаа погодок за водство, набргу каталонскиот ривал ремизираше и на крајот победи, па поради тоа, Барса ја препушти првата позиција на Реал Мадрид. Леванте игра многу катастрофално и се наоѓа во опасната зона, а како што стојат работите во моментов тешко дека ќе обезбедат опстанок. Ние овде очекуваме Барса да се оправда за киксот од минатото коло и да запише лесна победа. Типуваме 1/1 со квота 1.46 во BetLabel.

Нотингем Форест – Ливерпул – 2 @ 1.80 во 22Bet

Нотингем Форест има само една победа во последните пет првенствени натпревари и тој лош учинок ги доближи до зоната за елиминација, но се уште имаат предност и веруваме дека ќе дадат се од себе за да ја задржат до крајот на сезоната. Ливерпул игра доста променливо, а киксовите кои ги направи од многу послаби ривали им ја скратија надежта дека можат до титула, па се што им преостанува е борба за Европа. Овде делува дека гостите се поблиску до трите бода, а ние типуваме 2 со квота 1.80 во 22Bet.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО 22Bet: 8.59

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk