Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Оваа недела е фантастична и се играш фудбал ширум Европа. На понудата имаме огромен број натпревари, а ние се одлучивме за следниот предлог тикет.
Реал Сосиедад – Хетафе – 1 @ 1.75 во Mozzart
Овде имаме дуел на две екипи кои не играат толку ефикасно во шпанската Ла лига, а тоа се докажува со гол разликата на табелата. Реал Сосиедад имаат подобра позиција и како што стојат работите ќе се борат за пласман во европските купови до самиот крај на сезоната. Хетафе пак потфрли и од нив очекувавме многу повеќе. Сепак во последно време играат солидно и тоа го докажаа со победата во претпоследното коло над Лас Палмас, но и ремито против Барселона во последниот натпревар. Овде очекуваме Сосиедад да победи и типуваме 1 со квота 1.75 во Mozzart.
Лече – Интер – 2/2 @ 1.95 во 22Bet
Лече има само една победа на последните пет првенствени натпревари и тоа јасно укажува дека овој тим не е во некоја завидна форма и ако продолжат со киксовите, многу лесно може да станат дел од црвената зона. Интер пак од друга страна е на 2-та позиција со реални шанси да стигне до лидерското место што всушност им е приоритет за оваа година. Веруваме дека на овој натпревар нема да се коцкаат со бодовите и дека ќе запишат лесна победа. Типуваме 2/2 со квота 1.95 во 22Bet.
Хофенхајм – Ајнтрахт – Х2 @ 1.40 во 20Bet
Хофенхајм дефинитивно потфрли оваа сезона. Нив очекувавме да ги гледаме на горниот дел на табелата и да се борат за Европа, но кај нив се случи спротивното, па сега овој тим веднаш над опасната зона. Ајнтрахт пак ја има одличната трета позиција и ако продолжат со вакво темпо, следната сезона ќе бидат дел од најелитното фудбалско натпреварување, Лига на шампиони. Според сите параметри, овде тимот од Франкфурт не смее да биде поразен, па ние типуваме двојна шанса Х2 со квота 1.40 во 20Bet.
Тотенхем – Лестер – 1 @ 1.45 во Bet365
Тотенхем е едно од поголемите разочарувања кога станува збор за оваа сезона во англиската Премиер лига. Тие во моментов се на 15-та позиција и имаат освоено само 24 бода од 22 натпревари и како што стојат работите нема да обезбедат излез во Европа. Лестер е пак на претпоследната позиција и е во серија порази, а искрено не очекуваме да стават крај ниту на овој натпревар. Тотенхем се издвојува како фаворит, па веруваме дека ќе победат без поголеми проблеми. Наш предлог е 1 со квота 1.45 во Bet365.
ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 6.93
Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk