Тикет на денот (недела, 29.06.2025)


Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Денес немаме кој знае каква понуда, но искрено и немавме проблеми при изборот за натпревари на тикет на денот. Ова е нашиот предлог.

Фламенго – Баерн – 2/2 @ 2.60 во BC.Game

Тимот на бразилскиот Фламенго во оваа нокаут фаза влезе без пораз, поточно во групата запишаа две победи и едно реми, а со победата над Челзи докажаа дека се спремни за да се натпреваруваат со останатите тимови. Сега силата „ќе ја мерат“ со Баерн Минхен, тимот кој е еден од поголемите фаворити за титула, а и мора да признаеме дека играат фантастично. Веруваме дека Баварците ќе доминираат на овој дуел и типуваме 2/2 со квота 2.60 во Bc.Game.

Нафтан – БАТЕ – 2 @ 1.79 во 22Bet

Нафтан е тим кој игра катастрофално. Тие после 13 изиграни натпревари зедоа само 10 бода и тоа е доволно за да бидат дел од црвената зона, а ако продолжат со лошите резултати дефинитивно ќе имаат проблеми околу опстанокот. БАТЕ Борисов е на 11-то место и искрено од нив очекувавме многу повеќе, но овој тим е далеку од славните денови кога беше без конкуренција на врвот на табелата. Како и да е, овде ние веруваме дека гостите ќе земат три бода и типуваме 2 со квота 1.79 во 22Bet.

Вестри – Акранес – ГГ @ 1.51 во Bet365

Последниот натпревар за денешниот тикет ни доаѓа од исландската прва лига, а во него ќе се сретнат Вестри и Акранес. Домаќините се снаоѓаат засега одлично и тие имаат една и единствена цел, а тоа е да обезбедат позиција на горниот дел на табелата која ќе ги одведе во плеј оф. Акранес од друга страна пак е на дното на табелата со 9 бода од 12 изиграни натпревари, а во последните пет дуели остварија една победа и четири порази. Ние овде очекуваме да гледаме ефикасен натпревар и типуваме ГГ со квота 1.51 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 7.03

*Коефициентите од Bet365 се преземени на 29.06.2025 во 07:30 часот*

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk