Тикет на денот (петок, 04.07.2025)


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Денес имаме малку подобра понуда за разлика од вчера, а сметаме дека денес ја направивме вистинската комбинација. Ова е нашиот предлог тикет за денес.

Ригас – Лиепаја – ГГ3+ @ 2.15 во BC.Game

Во рамките на 22-то коло од елитниот ранг на Летонија ќе се сретнат актуелниот шампион РФС кој моментално е на 2-та позиција на табелата со 49 бода и Лиепаја која моментално е на третото место со 35 бода. Ригас игра фантастично во последно време и на последните осум натпревари имаат 7 победи и само еден пораз, додека гостите исто така можат да се пофалат со четири последователни триумфи. Овде пред се очекуваме интересен и ефикасен натпревар, а наш предлог тип е ГГ3+ со квота 2.15 во Bc.Game.

Шелбурн – Корк Сити – ГГ @ 2.11 во 22Bet

Националниот шампионат во Ирска се игра со „полна пареа“, а денес на програмата се натпревари од 25-то коло. Шелбурн кој моментално е петтопласирана екипа со 32 освоени бода ќе го дочека тимот на Корк Сити кој е на последното место со 15 освоени бода. Домаќините во последно време играат доста променливо и на последните пет натпревари имаат 2 реми, 2 порази и еден триумф. Гостите пак покрај лошата форма успеваат на секој натпревар да постигнат по најмалку еден гол, па веруваме дека и овој пат ќе биде така. Наш предлог е ГГ со квота 2.11 во 22Bet.

Флуминенсе – Ал Хилал – Х2 @ 1.40 во Bet365

Во рамките на ¼ финалето од светското клупско фудбалско првенство се сретнуваат екипите на Флуминенсе и Ал Хилал. Двата тима направија огромна сензација веќе во 1/8 финалето елиминирајќи големи екипи. Ал Хилал беа подобри од Манчестер Сити, додека Флуминенсе пак го исфрли Интер. Овие два тима дефинитивно можат да бидат задоволни со досегашните изданија и со досегашниот пласман, па што и да се случи понатаму нема да се разочараат. Овде Ал Хилал сметаме дека ќе останат непоразени и типуваме Х2 со квота 1.40 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 6.35

*Коефициентите од Bet365 се преземени на 04.07.2025 во 08:30 часот*

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk