Тикет на денот (петок, 16.05.2025)


Завршува сезоната: Негде се е познато, негде не се знае ништо! ↓↓↓


Пред нас е претпоследниот викенд во актуелната фудбалска сезона. Кога ќе завршат првенствата ќе имаме пауза, па тогаш ќе се посветиме повеќе на Скандинавците. Ова е нашиот предлог тикет за денес.

Астон Вила – Тотенхем – 1&2+ @ 1.45 во Mozzart

Астон Вила и Тотенхем ќе изиграат малку порано за разлика од останатите премиерлигаши, а причина е нивниот финален натпревар во Лига Европа кој што ќе се игра на Сан Мамеш во Билбао. Астон Вила е во солидна форма и на последните пет натпревар имаат четири победи и едно реми, додека Тотенхем пак во првенството оваа година игра многу лошо, а тоа се докажува со 17-та позиција на табелата и серијата од пет натпревари без победа во првенството. Астон Вила е фаворит на овој натпревар, а Тотенхем треба да се чува за финалето. Ние овде типуваме 1&2+ со квота 1.45 во Mozzart.

Нордсјеланд – Архус – Т12+ @ 1.80 во 22Bet

Ова е натпревар без многу големо резултатско значење. Овие два тима се борат за 5-та позиција во данската Супер лига, а во таа цел, домаќините се поблиску за три бода на две кола пред крајот на сезона. Нордсјеланд е на 5-та позиција и  имаат 5 бода помалку од 3-то пласираниот Рандерс кој има позиција која води во квалификациите за конференциската лига. Архус пак влезе во криза и сега се во серија пет порази, а уште поинтересно е што сите натпревари ги загубија со резултат 3-1. Ние овде типуваме Т12+ со квота 1.80 во 22Bet.

Хака – Купс – 2 @ 1.95 во Bet365

И финската Веикаус лига е едно од натпреварувањата на кои ќе посветиме повеќе внимание во наредниве неколку месеци. Хака е на 8-та позиција на табелата со 7 изиграни натпревари кои ги имаат собрано преку 2 победи, 1 реми и 3 порази, додека Купс пак започна фантастично и во моментов ја имаат првата позиција со фантастична предност во однос на другите екипи. Ние на овој натпревар очекуваме Купс да продолжи со добрата серија резултати и да победи без поголеми проблеми. Наш предлог е 2 со квота 1.95 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 5.09

*Коефициентите од Bet365 се преземени на 16.05.2025 во 08:30 часот*

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk