До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Уште еден ден со одлична понуда е пред нас, па веруваме дека ние ќе ја направиме вистинската комбинација. Ова е нашиот предлог за денес.
Тотенхем – Вест Хем – 1 @ 1.70 во BC.Game
Да бидеме искрени, ама од Тотенхем очекувавме многу повеќе во оваа сезона. Тие играат доста лошо и се наоѓаат на 14-та позиција на табелата што е далеку од зоната која води во европските купови. Вест Хем пак игра уште полошо и нивниот опстанок во моментов е загрозен, а ако продолжат со ова темпо ќе ги гледаме во Чемпионшип следната сезона. Домаќините делува дека се поблиску до трите бода, а ние типуваме 1 со квота 1.70 во Bc.Game.
Анже – Марсеј – 2 @ 1.62 во 22Bet
Анже игра доста променливо оваа сезона, но како и да е, најважно е за нив што се надвор од опасната зона, поточно досега од 17 изиграни натпревари собраа 22 бода. На гости овој пат им доаѓа Марсеј, тимот кој има амбиции за титула, но направи многу неочекувани киксови, па во моментов тоа изгледа како невозможна мисија. Како и да е, на овој натпревар ние сметаме дека гостите нема да изгубат бодови и типуваме 2 со квота 1.62 во 22Bet.
Каљари – Јувентус – 2 @ 1.50 во 20Bet
Екипата од Сардинија некако како да е во криза и на последните три првенствени натпревари зедоа само еден бод, а тоа придонесе за овој тим да се најде многу блиску до опасната зона и до позициите кои водат во елиминација. Јувентус пак го декласираше Кремонезе во минатиот натпревари со резултат 5-0, па сега влегуваат на овој дуел со добро расположение. Ние очекуваме Старата Дама да ја продолжи добрата серија резултати и типуваме 2 со квота 1.50 во 20Bet.
Бетис – Виљареал – ГГ @ 1.57 во Bet365
Последниот дуел за денешниот тикет ни доаѓа од шпанската елитна Ла Лига каде што ќе се сретнат две солидни екипи. Бетис е на горниот дел на табелата и често знаат да прикажат добри резултати во домашното првенство, па 29-те бода не се случајно освоени досега. Виљареал од друга страна е најголемото изненадување во Ла Лига и скоро извесно е дека тие на крајот ќе освојат позиција која води во ЛШ и со тоа ќе ја исполнат примарната цел оваа година. Ние овде очекуваме ефикасен дуел и типуваме ГГ со квота 1.57 во Bet365.
ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 6.49
*Коефициентите од Bet365 се преземени на 17.01.2026 во 07:30 часот*
Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk











