Тикет на денот (сабота, 26.08.2023)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Уште еден фантастичен ден во однос на понудата за кладење е пред нас. Се надеваме дека вистински ќе го искористиме и ќе направиме добитна комбинација. Ова е нашиот предлог тикет за денес.

Арсенал – Фулам – 1/1 @ 1.73 во Mozzart

Арсенал ја започна оваа сезона фантастично. Тие во првите две кола запишаа две победи. Најпрво против Нотингем Форест, а потоа и против Кристал Палас каде што играа со скоро 30 минути со играч помалку, па сега се наоѓаат на горниот дел на табелата. Фулам од друга страна има само три бода бидејќи еднаш победи и еднаш беа поразени, но со оглед на амбициите кои ги имаат може да кажеме дека се комплетно задоволни со досегашниот учинок во новата сезона. Ние веруваме дека Арсенал ќе оствари лесна победа на овој натпревар и типуваме 1/1 со квота 1.73 во Mozzart.

ПСЖ – Ленс – ГГ @ 1.67 во 22Bet

Фактот дека ПСЖ во првите две кола од новата сезона запиша две реми некако тешко се разбира. За работите да бидат уште полоши мора да признаеме дека Парижаните и немаа кој знае какви сериозни противници, но ете се случи тоа што се случи. За противник го имаат Ленс, тимот кој во минатата сезона блескаше, а во оваа исто така направи два киксови. Двете екипи ќе одат на победа дефинитивно на овој дуел, но ние решивме да го избегнеме конечниот исход и да ви дадеме предлог на голови. Типуваме ГГ со квота 1.67 во 22Bet.

Милан – Торино – 1 @ 1.57 во 20Bet

Милан ја оствари првата победа во новата сезона и од прикажаното може да заклучиме дека за оваа сезона се комплетно спремни. Гостуваа во Болоња и постигнаа два гола во првото полувреме, па тоа беше доволно за да запишат три бода на своето салдо. Торино пак на домашен терен го пречека Каљари и мораше да се задоволат само со бод бидејќи тој натпревар заврши без голови. Како и да е, Милан делува дека се одличен тим и очекуваме без поголеми проблеми да ги земат трите бода и на овој натпревар. Наш предлог е 1 со квота 1.57 во 20Bet.

Севиља – Жирона – 1 @ 2.00 во Bet365

Делува дека во Севиља владее некоја криза. Тие запишаа два последователни порази и почетокот се повеќе и повеќе наликува на линскиот каде што овој тим заврши на втората половина на табелата, но благодарение на трофејот од Лига Европа успеаа да стигнат до групната фаза од ЛШ. Жирона пак во првите две кола зеде четири бода и за нив тоа воопшто не е лош учинок. Веруваме дека тимот од Андалузија ќе даде се од себе за да ја прекине лошата традиција. Наш предлог е 1 со квота 2.00 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet3659.07

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk