Тикет на денот (среда, 09.04.2025)


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Денес ги имаме преостанатите два натпревари од ¼ финалето на Лигата на шампиони, но и натпревари од пониските лиги во Англија и Германија. Ова е нашиот предлог тикет за денес.

ПСЖ – Астон Вила – 1Х&ГГ @ 1.95 во Mozzart

Англичаните може да кажеме дека се изненадување на ова издание од Лигата на шампиони. Скоро никој не очекуваше дека тие ќе стигнат до ¼ финалето, но ете тоа се случи и во 1/8 финалето го елиминираа тимот на Клуб Бриж. ПСЖ пак последен пат изгуби од Ливерпул на домашен терен, а после тоа врзаа 6 победи во првенството, ЛШ и Купот на Франција. Овде Парижаните се фаворити, но Астон Вила нема лесно да се предадат. Ние овде типуваме 1Х&ГГ со квота 1.95 во Mozzart.

Ковентри – Портсмут – 1 @ 1.65 во 22Bet

Ковентри бележи солидни резултати пред се на домашен терен и тоа ги одржа да бидат во врвот на табелата во англискиот Чемпионшип. Меѓутоа и таа серија победи мора еднаш да се прекине. Тоа се случи во саботата кога на гости им беше Барнли и славеше со резултат од 2:1. Портсмут пак има други проблеми и тие се насочени само кон навремен опстанок. Во моментов имаат предност во однос на најзагрозените екипи, но се уште се далеку од фактот дека и следната сезона ќе бдиат дел од овој ранг на англискиот фудбал. Овде очекуваме Ковентри да земат три бода и типуваме 1 со квота 1.65 во 22Bet.

Спарта Прага – Теплице – 1&0-3 @ 2.03 во Bet365

Во натпревар од ¼ финалето на чешкиот куп се сретнуваат екипите на Спарта Прага и Теплице. Спарта ја земаше титулата во претходните две години, но и сега имаат намера да го направат истото. Теплице не играа баш најдобро во оваа сезона и преостанатите две кола од регуларниот дел од сезоната ќе им бидат шанса да се поместат барем две места и да го избегнат плеј аут натпреварувањето. Овде веруваме дека Спарта Прага ќе продолжат во купот, а очекуваме и натпревар со мал број погодоци. Типуваме 1&0-3 гола со квота 2.03 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 6.53

*Коефициентите од Bet365 се преземени на 09.04.2025 во 08:30 часот*

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk