Тикет на денот (вторник, 08.04.2025)


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Започнува расплетот во Лигата на шампиони. Вечер се играат првите два ¼ финални натпревари, а покрај тоа имаме и дуели во ниските англиски лиги. Ова е нашиот предлог за денес.

Арсенал – Реал Мадрид – ГГ @ 1.94 во Mozzart

Овие две екипи во овој исклучително важен дуел влегуваат во лошо расположение. Арсенал ремизираше на Гудисон со Евертон, додека Реал помина лошо и беа поразени од Валенсија на домашен терен. За Топџиите тој резултат во Ливерпул не е толку трагичен со оглед на тоа што имаат огромен заостаток зад Ливерпул. Реал Мадрид пак во 1/8 финалето го елиминираше градскиот ривал Атлетико и да бидеме искрени имаат огромни амбиции кога е во прашање Лигата на шампиони. Овде типуваме ГГ со квота 1.94 во Mozzart.

Шефилд Јунајтед – Милвол – 1&2+ @ 2.31 во 22Bet

Неочкувано Шефилд ги остави бодовите на гостувањето во Оксфорд. Малку кој очекуваше дека ќе се случи тоа и Шефилд направи голем чекор наназад кога е во прашање директниот пласман во Премиер лига. На нивна среќа не беше успешен ниту Лидс, па тимот на Шефилд остана на втората позиција. Во гости им доаѓа тимот на Милвол кој се врати во трката за плеј оф после добрите резултати и сега се на 9-та позиција со 6 бода помалку од екипите кои се во зоната за пласман во повисоко нив. Ние овде предност даваме на домаќините и типуваме 1&2+ со квота 2.31 во 22Bet.

Дерби Каунти – Барнли – 2 @ 1.97 во Bet365

Серијата од четири последователни победи, Дерби ја прекина во саботата со пораз во Велс. Свонси славеше со минимален резултат, но Каунти остана над зоната за елиминација и тоа само поради гол разликата. Барнли ја презеде лидерската позиција и тие со тоа можат да бидат комплетно задоволни и веруваме дека ќе дадат се од себе за да се задржат таму до крајот на сезоната. Наш предлог е 2 со квота 1.97 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 8.82

*Коефициентите од Bet365 се преземени на 08.04.2025 во 08:30 часот*