Тиквеш го повлече дресот на починатиот Андреј Лазаров


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалскиот клуб Тиквеш донесе одлука дресот со број 16 да биде засекогаш повлечен од употреба, во спомен на нивниот некогашен играч, Андреј Лазаров.

Во катастрофалниот пожар што го зафати Кочани, Лазаров го загуби животот трагично, заедно со уште 58 други лица кои починаа, а над 150 беа повредени.

Тиквеш изјави дека неговиот придонес кон успесите на клубот е немерлив. Дресот со број 16, кој тој гордо го носеше, ќе биде трајно повлечен и ќе остане во клубските простории како вечен спомен.