Тилеманс и официјално се враќа во Премиер лигата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Јури Тилеманс во моментов е во авион кој полета од Брисел накај Бирмингем. Белгискиот репрезентативец е пред комплетирање на перманентен трансфер во редовите на Лестер.

Тилеманс во Лестер ќе пристигне за рекордна сума од 40 милиони фунти која англискиот клуб ќе му ја плати на неговиот матичен клуб Монако.

Тилеманс мина шест месеци на заем на „Кинг Пауер“ стадионот каде импресионираше со своите настапи постигнувајќи три гола и четири асистенции на 13 натпревари.

Со неговите настапи го привлече вниманието и на Манчестер Јунајтед, меѓутоа Лестер прв дојде до неговиот потпис.