Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Шпанските медиуми пишуваат дека екипа од Дубаи ќе се натпреварува во новата сезона во Евролигата и во АБА-лигата.
Српскиот селектор Светислав Пешиќ наводно бил прв кандидат за тренерската позиција на тимот од Дубаи.
„Тим од Париз и од Дубаи сакаат во Евролигата. Постои предлог тим од Дубаи да игра во АБА и во Евролигата, со цел да донесе повеќе пари во натпреварувањата. Потврдено е од повеќе извори дека Дубаи ќе го предводи Пешиќ, а важен фактор на тимот е Дејан Камењашевиќ“, пишува шпански „Енкестандо“.