Тим со одлична игра го елиминираше Надал од Австралијан опен


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Доминик Тим успеа да го победи Рафаел Надал во четвртфиналето на Австралијан опен, откако славеше со 3-1 во сетови, односно 7-6, 7-6, 4-6 и 7-6.

Во израмнетиот вовед во мечот, Надал направи прв брејк на мечот и водеше со 5-3, но потоа Тим успеа да го врати брејкот и во тај-брејк да го освои првиот сет.

Во вториот сет Надал направи брејк прв, но потоа Тим врати и повторно гледавме тај-брејк, во кој Австриецот беше подобар и поведе со 2-0.

Шпанецот се врати во мечот во третиот сет, каде што направи брејк и стигна до 6-4, па така намали на 1-2 во сетови.

Во последниот сет се водеше голема борба меѓу двајцата тенисери, но повеќе нерви имаше Тим, кој успеа да го елиминира Надал од четвртфиналето на Австралијан опен.

Тим во полуфинале ќе игра против Александер Зверев.