Тим со пресврт го исфрли Зверев и закажа финале против Ѓоковиќ на Австралијан опен


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Австриецот Доминик Тим ќе се бори против најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ во финалето на Австралијан опен, откако го победи Александер Зверев со 3-1 во сетови (3-6, 6-4, 7-6 и 7-6).

Зверев го отвори мечот на најдобар начин, па успеа да го добие првиот сет со 6-3, по што следеше реакција од Тим, кој во следниот израмни на 1-1.

Во продолжение од мечот беше забележан и најдолгиот сет на средбата. Тим направи брејк и поведе, но Зверев повторно успеа да направи пресврт и да стигне до 5-4, со две брејк и сет-топка, кои не успеа да ги искористи, по што Австриецот во тај-брејк го доби сетот.

До крајот беше одигран уште еден сет, кој беше израмнет без брејк. И двајцата тенисери освојуваа поени на свои сервиси, но на крајот Тим го доби тај-брејкот и се пласираше во финале.