Тимовите ја дознаа пресудата: ФИФА го реши случајот за Емилијано Сала


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Емилијано Сала почина во јануари 2019 година, само неколку часа откако потпиша за Кардиф кој играше во Премиерлигата.

Аргентинецот беше жртва на авионска незгода кога патуваше од Нант кон Кардиф. Ова предизвика неколку судски процеси меѓу тимовите за тоа дали треба да биде исплатена сумата од 15 милиони фунти.

Судот за спортска арбитража во Лозана во август минатата година реши дека Кардиф треба да плати шест милиони евра на Нант, но Светската куќа на фудбалот (ФИФА) донесе нова одлука и го обврза тимот од Велс да ја исплати цела сума за трансферот.