Тина Мазе ги воодушеви фановите со својата фотографија (ФОТО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тина Мазе веќе неколку години ужива во пензија, откако ја заврши скијачката кариера.

Таа сега поголемиот дел од слободното време го поминува со нејзината ќерка Анук, а вчера објави фотографија во која ги потсетува своите обожаватели дека сè уште сјае.

Уште во почетокот на 2017. година, таа одлучи да го остави скијањето, но после тоа многу патуваше, уживаше во разни светски убавини, а исто така продолжи да се справува со екстремните предизвици со искачување на планини во друштво на нејзиниот сопруг.

Јасно е дека Словенката не може без адреналин и дека е зависна од тоа на некој начин, но понекогаш само сакаме да ја видиме како се смее и е опуштена како на фотографијата што ја објави вчера на Инстаграм и која собра над 7.600 „лајкови“.