Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Младиот 18-годишен фудбалер Марвел привлече интерес на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, откако тој ги имаше првите натпревари за вториот тим на „кралевите“, Кастилја.
„Кралевите“ минатото лето останаа без услугите на Серхио Рамос, па се надеваа дека ќе пронајдат идеална замена за него, по што во тимот стигна Давид Алаба, но и покрај тоа Перез се надева на замена која може во следните години да биде столб во одбраната.
Марвел би можел да биде човекот кој ќе го замени легендарниот капитен на Реал, а тој веќе на 18-години почна да ги импресионира сите со неговите настапи сезонава.
Во првите три натпревари во третата лига на Шпанија, Марвел настапи за Кастилја и покажа за каков талент станува збор.
Неговиот настап во дуелот против Барселона Б посебно ги воодушеви луѓето во Мадрид, по што претседателот Перез сам влегол во соблекувалната за да му честита.
El futuro ya está aquí.
— MRH Football (@MRHFutbol) October 17, 2021
🦸♂️Así juega Marvel, el próximo "superhéroe" de la defensa del Real Madrid.
Partido completo del #RMCastilla frente al Barça B.
📹@FabricaMadrid #FelizDomingo pic.twitter.com/eGM3qnGMia