„Титулата мораме да ја заслужиме на терен“


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Тренерот на Јувентус Масимилиано Алегри рече денеска дека фудбалот од година во година е се поквалитетен и потежок и додаде дека неговата екипа ќе мора да ја заслужи да ја освои Серија А.

„Јувентус пет години по ред ја освојува Серија А, но италијанската лига, како и фудбалот, од година во година е се потежок. За да го освоиме Скудетото ќе мораме тоа да го заслужиме на терен. Треба да одиме чекор по чекор. Ништо не е лесно, поготово во фудбалот“, рече Алегри во пресрет на почетокот на италијанскиот шампионат.

„Сите тимови стануваат поагресивни и поквалитетни, тоа можевме да го видиме на почетокот на минатата сезона, на нивна жалост имаа пад формата“, додаде тој.

Јувентус во новата сезона во Серија А влегува како главен фаворит за освојување на титулата, со оглед на тоа дека се петкратни шампиони по ред, и доведоа засилувања како Гонзало Игуаин, Миралем Пјаниќ и Дани Алвеш.

„Не може нужно да се каже дека сме фаворити бидејќи доведовме некои добри играчи. Тоа е математичка равенка и според тоа би требало да го освоиме Скудетото. Нашата примарна цел е во март да бидеме во борба за трите натпреварувања – Серија А , Лигата на шампионите и Куп на Италија. Од тогаш ќе ја играме нашата сезона“, рече Алегри.

“Старата дама“ во одбраната на титулата во Серија А ќе тргнат со натпреварот против Фиорентина кој ќе го дочекаат утре на својот стадион.

„Утре кога ќе почне сезоната во лигата, сите 20 тимови имаат нула бодови, а ние за да земеме бодови мораме да одиграме добар меч“, рече Алегри.

Натпреварот Јувентус и Фиорентина се игра утре од 20:45 часот.