Титулата сè уште не е загубена: Крос и Бензема го израдуваа Реал Мадрид (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид сè уште е во игра за титулата во Ла Лига, откако вечерва го совлада Атлетик Билбао со 2-0 и така остана на три бода негатива зад Барселона.

Францускиот напаѓач Карим Бензема прв се запиша во листата на стрелци и погоди во 24. минута за предност од 1-0 на Реал, додека победата ја потврди Тони Крос во 90. минута.

Шпанскиот шампион има 41 бод на второто место во Ла Лига, додека лидер е Барселона со 44 бодови.