Тоа што го промаши Гризман ќе се раскажува со месеци! 🎥


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Барселона победи против Реал Сосиедад со 2-1 во 19. коло од шпанската Ла Лига, а Каталонците повторно се измачија за да освојат три бодови.

Реал Сосиедад прв постигна гол, но Барселона направи пресврт преку Жорди Алба и Де Јонг. Каталонците можеа да постигнат и трет гол на стартот на вториот дел, но неверојатно е тоа што Антоан Гризман успеа да промаши.

Алба испрати добра топка од левата страна, а Гризман промаши цел гол од еден метар и топката заврши во рацете на противничкиот чувар на мрежата.