„Тоа што ми го направија на 17 години во Јунајтед, никогаш нема да го заборавам“


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


Жерар Пике се сети на своите денови во Манчестер јунајтед и кажа дека Рио Фердинанд и Сер Алекс Фергусон биле важни за неговата кариера.

Пике во средата се врати на „Олд Трафорд“ и како фудбалер на Барселона победи со 1-0 во првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампиони.

„Кога стигнав во Манчестер, еден ден отидов да тренирам со новиот дрес за кој мислев дека е многу убав. Потоа го забележав на кукла за тренирање. Беше неуредна. Тоа никогаш нема да го заборавам, тогаш имав само 17 години“, кажа Пике.

Во текот на интервјуото Пике кажа дека најважни луѓе во текот на неговиот престој во Манчестер биле Фергусон и Фердинанд, кои му помогнале и направиле важни работи за него.