Тодоров избра 15 кошаркари за старт на квалификациите за ЕП


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот селектор Александар Тодоров го објави списокот со 15 кошаркари кои ќе се борат на квалификациите за пласман на Евробаскетот во 2021 година.

Македонија првиот меч го игра против Естонија во Скопје во спортскиот центар „Борис Трајковски“, а потоа гостуваме кај Русија.

На списокот на Тодоров свое место најдоа Војдан Стојановски, Шејн Витингтон, Стојан Ѓуроски, Ненад Димитријевиќ, Андреј Јакимовски, Марко Миловановиќ, Андреј Магдевски, Андреј Маслинко, Бојан Крстевски, Дамјан Стојановски, Кристијан Николов, Љубомир Младеновски, Виктор Ефремоски, Филип Бакоч, Марко Симоновски.