Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) објави дека кошаркарите ќе добијат нов селектор, откако се разделиле со Александар Тодоров, кој имаше договор до квалификациите за Европското првенство (ЕП) 2021.
Откако Македонија не избори пласман на ЕП, федерацијата реши да му се заблагодари за соработката на Тодоров, а на негово место во понеделник ќе биде промовиран нов селектор.
„Кошаркарската федерација ве повикува на прес-конференција која ќе се реализира на 19. април (понеделник), со почеток во 12:00 часот, на терасата на хотелот „Солун-СПА Супериор“ во Скопје. На прес-конференцијата ќе биде претставен новиот селектор на машката сениорска репрезентација“, соопштија од Федерацијата.