„Тој е најдобар кој сум го видел во мојот живот“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Барселона со неверојатни 3:1 ја совлада Борусија од Дортмунд во натпревар од 5. коло на Лигата на Шампионите.

Каталонците без многу напори дојдоа до три бода и пласман во нокоаут фазата од ова натпреварување, а тимот од Дортмунд ќе мора да го чека расплетот во последното коло.

После натпреварот дефанзивецот на Борусија, Матс Хумелс беше импресиониран од тоа што го направил Меси на теренот.

Аргентинецот постигна погодок и запиша две асистенции. Хумелс тврди дека подобар играч во својот живот нема видено.

„Не одигравме лошо, но не беше ниту добро. Лионел Меси е неверојатно опасен во секоја секунда од натпреварот. Тој е најдобриот играч кој сум го видел во мојот живот“, рече Хумелс и потоа додаде:
„Заслуживме да изгубиме. Сега ништо не е во наши раце“, истакна тој.

За да оди понатаму, на Борусија и треба победа над Славија од Прага и реми или пораз на Интер од Барселона на Џузепе Меаца.

Во случај да освојат само бод од тимот од Прага, тогаш мораат да очекуваат победа на Барселона.