Толку ли ниско паднаа? Милан ангажира тренер кој има повеќе порази од победи во Серија А


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Италијанските медиуми објавуваат дека управата на Милан решила да се раздели со Марко Џампаоло, а негова замена треба да биде Стефано Пиоли.

Џампаоло летово го презема Милано, но по очајните резултати управата повеќе не му верува и смета дека е време за разделба.

„Газета дело Спорт“ пишува дека двете страни се договориле, па се очекува Пиоли наскоро да потпише договор, а тоа ги налути „росонерите“, кои се кренаа на нозе за да го спречат неговото ангажирање.

Проблемот е статистиката на Пиоли, која вели дека тој работел како тренер на 310 меча во Серија А и загубил повеќе пати, отколку што победил. Односно има 109 победи и 112 порази.