Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мартин Шкртел пред неполн месец пристигна во Аталанта, кадешто потпиша едногодишен договор, но денеска италијанските медиуми објавија дека искусниот дефанзивец си заминал од клубот.
Искусниот стопер се прослави со одличните настапи во минатото во дресот на Ливерпул, а иако се очекуваше да биде квалитетно засилување, сепак поради непозната причина ја напуштил Аталанта.
Овој 34-годишен дефанзивец при пристигнувањето потпиша едногодишен договор, според кој требаше да добие еден милион евра.
Шкртел беше и капитен на Словачка, но се повлече од репрезентативниот фудбал на почетокот на 2019 година.
Засега не е познато каде ќе ја продолжи кариерата искусниот дефанзивец, но тоа најверојатно ќе биде познато во наредните денови.