Толку од Милнер, ја заврши својата авантура во репрезентацијата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вице-капитенот на Ливерпул, Џејмс Милнер денеска на 30годишна возраст ја заврши својата авантура со англиската фудбалска федерација.

Милнер своето деби за репрезентацијата го имаше во 2009, учествуваше на 4 турнири од 2010 до 2016, одигра 61 натпревар и сега се пензионира и го прекинува играњето фудбал за репрезентацијата.

„Му се заблагодарувам на Сем Алардајс за тоа што имаше разговор со мене лице во лице на кој разговаравме за мојата иднина во националниот состав. Им посакувам среќа и многу успеси во иднина“ – изјави Милнер

Алардајс своето деби сеуште го нема, ќе има шанса да се покаже и да почне нова ера до Англија во септември во рамките од квалификации за СП 2018 против Словачка.

„Џејмс имаше можност да одбере, тој одбра да се повчеле. Ние имавме долг разговор во почетокот на оваа недела каде одлучивме за неговата иднина. Тој одлучи, јас само ја почитував неговата одлука“ – вели Алардајс

„Тој треба да е горд на самиот себе, имаше одлични седум сезони носејќи го националниот дрес. Му посакувам се најдобро со Ливерпул во претстојната сезона“ – додаде Алардајс