Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
По преземањето на тимот на Тотенхем, Томас Франк го заврши првиот голем потег така што го доведе напаѓачот.
Поточно, Мати Тел, кој беше на позајмица од Баерн во Тотенхем, ќе остане во тимот од Лондон во продолжување на својата кариера.
Тој во февруари стигна на позајмица до крајот на сезоната со можност Тотенхем да го откупи неговиот договор, што на крајот и се случи.
Тел потпиша договор до 2031 година, кој ќе стане официјален на 30 јуни кога ќе му истече позајмицата.
За тимот на Тотенхем, Тел дебитираше против Ливерпул во Карабао купот, а првиот гол го постигна во април од белата точка против Саутемптон.
Направи вкупно 20 настапи во сите натпреварувања во дресот на Тотенхем и постигна три гола.
Моментално е со младата репрезентација на Франција на Европското првенство за репрезентации до 21 година.
Сигурно е дека Тотенхем наредната сезона ќе изгледа многу поразлично по доаѓањето на Томас Франк.
Фото: Принтскрин