Томовски ја заврши епизодата во Потсдам


Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


И покрај одличната форма што Мартин Томовски ја прикажува во изминатите натпревари, македонскиот голман ќе ја заврши својата епизода во германскиот клуб Потсдам на крајот од оваа сезона.

Клубот денес објави дека Томовски ќе биде еден од петте играчи кои нема да бидат дел од тимот следната сезона.

На 27 години, Томовски ја започна својата професионална кариера со Металург. Потоа се пресели во Германија и играше за Лудвигсхафен во Бундеслигата. По враќањето во Македонија, го носеше дресот на Вардар, пред повторно да се врати во Германија, каде што доби шанса да биде дел од Потсдам.

Фото: РФМ