Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец и чувар на мрежата на Лудвигсхафен, Мартин Томовски доби награда од Бундеслигата откако беше избран за најдобар голман за месец мај.
Томовски беше фантастичен на настапите во Бундеслигата во минатиот месец и заслужено ја доби престижната награда, а сега е во трка и за МВП на месецот.
Нашиот голман со одлични интервенции им донесе многу бодови на неговите соиграчи и Лудвигсхафен го врати во борбата за опстанок во Бундеслигата.
Томовски по крајот на сезоната во Германија ќе се пресели во Вардар, каде што ќе застана на голот на „црвено-црните“, кои ќе добијат квалитетен голман.