Томовски: Мечот со Данска беше патоказ како не треба, одиме на сѐ или ништо против Португалија


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Македонија загуби на стартот на Европското првенство (ЕП) од Данска со 12 голови разлика, а македонскиот голман Мартин Томовски кажа дека не е задоволен од играта.

Томовски, сепак, смета дека Данска била пресилна и сега им останува да одат на сѐ или ништо против Португалија.

„Верувам дека против Португалија ќе биде поинаку. И тие играат брзо, но имаат многу слабости. Овој меч беше само една увертира, патоказ како не треба, да ги поправиме нашите грешки и да одиме на сѐ или ништо против Португалија“, кажа Томовски.