Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонската ракометна репрезентација го запиша третиот пораз на Светското првенство, односно прв во главната фаза, откако загуби од Словенија со 21-31.
Македонија се држеше 20 минути на натпреварот (9-9), но потоа Словенците заиграа подобро и ја наполнија мрежата.
Македонскито голман Мартин Томовски имаше солиден настап за репрезентацијата, па кажа што мисли за натпреварот.
„Почнавме добро во првото полувреме, но потоа дојдоа техничките грешки. Словенија казнуваше лесно и разликата не е реална. Мора да бидеме подобри против Русија и Белорусија“, кажа Томовски.