Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Бекот на Голден Стејт вориорс и еден од најдобрите шутери во историјата, Клеј Томпсон по пауза од две ипол години повторно се враќа на паркетот, откако официјално беше соопштение дека ќе биде дел од тимот против Кливленд кавалирс.
Томпсон последниот меч во НБА-лигата го одигра во 2019 година, кога во финалната серија против Торонто репторс ги скина лигаментите на коленото, па поради таа повреда мораше да паузира долго време.
Дополнителен проблем му беше и повредата на Ахиловата тетива, поради која пропушти уште една сезона во НБА-лигата.
„За нас е возбудливо што Томпсон повторно се враќа на паркетот, каде што ќе ги видиме заедно Клеј и Стеф. Делува неверојатно кога ќе помислите што се случуваше во претходните две ипол години“, кажа главниот тренер Стив Кер.