Тонали за малку ќе заплачеше, додека Жоржињо му се смееше (Видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Милан загуби на домашен терен со 0-2 од Челси, но дефинитивно главниот судија Даниел Зиберт го расипа дербито откако покажа црвен картон по прекршокот на Фикајо Томори.

Томори во 18. минута направи пенал, по што сите очекуваа жолт картон, но судијата му покажа директен црвен на дфанзивецот.

По натпреварот на одлуката се жалеше фудбалерот за врска на Милан, Сандро Тонали, кој за малку ќе заплачеше.

„Кога ќе дадете таков пенал по контакт за 18 минути. Како да игравме кошарка, секој допир беше прекршок“, кажа Тонали.

Во тој момент на спротивната страна Жоржињо го следеше говорот на Тонали и му се смееше, што а навистина некоректен потег на Италијанецот.