Тони Крос ја исмева трансферот од 145 милиони евра: Половина луѓе ни не знаат кој е тој


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Германскиот репрезентативец Тони Крос секогаш важеше за скромен и објективен фудбалер, иако со години имаше статус на еден од најдобрите играчи од средниот ред на светот и како играч на Реал Мадрид беше доста популарен, но сега, откако ја заврши кариерата, нема проблем да ја каже вистината или барем работите што тој ги смета за вистинити.

Овојпат тој го коментираше трансферот на Ливерпул, кога беше соборен рекордот на Премиер лигата. Се работи за напаѓачот Александре Исак доведен од Њукасл за 140 милиони евра.

„Ви благодариме што ни ја дадовте вашата доверба, но би рекол дека отприлика половина од нашите слушатели никогаш не чуле за Исака. Пресудете сами, сериозно“, рече Крос со доза на хумор, пропитувајќи ја вистинската тежина на овој трансфер.

Фото: Принтскрин