Тони Крос ги откри плановите за иднината: Трансфер во Англија, лига која е силна и физички тешка…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Германскиот фудбалер Тони Крос изјави дека планира во Реал Мадрид да ја заврши својата кариера.

Крос во Мадрид стигна во 2014 година кога се пресели од Баерн Минхен, а во меѓувреме освои се што може да се освои.

Во последно време се шпекулира дека Крос би можел да премине во редовите на Манчестер Јунајтед, но веројатно од тоа нема да се случи ништо.

„Договорот ми важи до 2023 година и дефинитивно планирам да го одработам до крај. Со 33 години ќе мора да се запрашам колку сум физички подготвен и колку мотиви имам за да продолжам понатаму.

А мислам дека можам уште, тогаш ќе речам: ‘Ќе поминам уште една година овде зошто и натаму сум доволно добар’.

Трансфер во англиската лига, која е многу силна и физички многу тешка не можам да замислам на 33 години“ –заклучи Крос.