Тони Крос откри скриени детали од соблекувалната на Реал Мадрид


Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


За многумина еден од најдобрите играчи за врска во модерната ера на фудбалот беше Тони Крос, кој во јули 2024 година одлучи да ја заврши својата професионална фудбалска кариера.

Крос сè уште одмара од фудбалот, а ќе видиме дали е подготвен да преземе некоја нова улога во наредниот период.

Додека е „пензиониран“, Крос редовно ги следи натпреварите на својот поранешен клуб, Реал Мадрид, каде што остави длабок печат и со кој освои сè што може да се освои.

Германецот така понекогаш ја користи приликата и да ги коментира игрите на Реал за одредени медиуми, а сега беше таков случајот за италијанските медиуми.

„Ова беше многу напорна сезона. Можете да видите дека многу од нив мораа да играат речиси цело време, губат многу натпревари кои никогаш порано не ги губеле”, започна Крос и потоа откри една значајна работа.

„Многумина не знаат, но во Реал веднаш го чувствувате кога не оди добро по првата грешка, тоа не е било каков клуб.”

Повредите беа проблем, особено во одбраната.

„Очекувате Реал Мадрид да биде тим кој ја поставува играта од одбраната, а за да го направите тоа, ви се потребни вистинските играчи. Многу играчи имаа повреди во задната линија и во таква ситуација е тешко да се игра против најдобрите тимови на денешницата”, истакнува Германецот.

Фото: Принтскрин