Топче со брзина од 153 км/ч погоди новинарка директно во глава (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новинарката Кесли Вингер најверојатно до крајот на животот ќе го памети мечот меѓу Сан Франциско и Колорадо, затоа што едно топче ја погоди директно во глава.

Топчето се движело со брзина од 153 км/ч, а тоа најдобро покажува колку силен бил ударот во нејзината глава, по што можеше да се забележи дека ѝ тече и крв од главата.

Новинарката веднаш била испратена во болница, каде што морале да ѝ го зашијат челото, а по дополнителните медицински прегледи било потврдено дека нема потешки последици, освен што ќе има лузна.