„Топчиите“ загрижените за капитенот Џака, клубот закажа итен состанок!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За денеска е закажан состанок на управата на Арсенал за да се разговара за ситуацијата со капитенот Гранит Џака, кој вчера при напуштање на теренот се искара со навивачите и го фрли дресот.

Ваквото однесување на Џака предизвика многу критики од страна на навивачите, а сега „Ивнинг Стандард“ вели дека управата на клубот закажала состанок, на кој ќе се реши дали ќе му се одземе капитенската лента.

Уште нема официјални информации дали состанокот е завршен и дали управата на „топчиите“ донела конечна одлука по срамното однесување на Џака.

Тренерот на Арсенал, Унај Емери претходно кажа дека не ја оправдува постапката на капитенот и порача дека нешто ќе биде преземено, но за тоа ќе се разговара внатре во клубот.