Торес се извини, откако кажа дека ќе му ја скине главата на Арбелоа (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот напаѓач на Атлетико Мадрид, Фернандо Торес се извини за инцидентот кој го имаше со Алваро Арбелоа.

Тренерот на младинскиот состав на Атлетико се скара со стратегот на младинците на Реал и притоа кажа дека ќе му ја скине главата.

„Ги видов снимките и не ми се допадна тоа. Не се препознавам во такви ситуации. Признавам дека згрешив, немаше потреба од провокации. Не сакам да пренесам погрешна порака на моите фудбалери, но секогаш ќе ги бранам во сите ситуации“, кажа Торес.