Тошевски си замина од полски Горник и се пресели во Словачка


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Македонскиот интернационалец Давид Тошевски се раздели со Горник Забже од Полска, каде што беше на позајмица во претходниот период од руски Ростов, но не доби голема минутажа на теренот.

Ростов реши да го прекине заемот на полскиот тим и да го испрати Тошевски во Словачка, односно во екипата на Михаловце, каде што треба да остане до декември 2022 година.

Македонецот, освен во полски Горник, настапуваше и за Ростов и Тамбов по заминувањето од поранешниот македонски шампион Работнички.