Тотален хаос во Интер: Манчини завојува со сите, заминување на Хрватот „шлаг на тортата“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во Милано моментално претстојуваат најтажните фудбалски навивачи на светот, тоа е и повеќе од јасно.

Два гиганти на светот на фудбалот Милан и Интер никако не можат да бидат конкуренти дури ни во борбата за европските натпреварувања, а камолу да се вклучат во трката за титулата шампион со Јувентус.

Пари нема, хармонија нема, заедиштво и меѓусебно почитување нема. И многу од тоа што недостасува на миланските клубови, а овој пат ќе се позанимаваме со Интер.

Имено, најновите информации кои ни стигнуваат од извор близок до клубот, велат дека набрзо може да се случи „насилен“ раскин на договорот со Роберто Манчини кој речиси и да не зборува со сопственичката структура на Нероаѕурите.

Манчини буквално влезе во војна со поголем дел од сопствениците на клубот, а тука е и Ерик Тохир, но и претседателот Сунинг Занг Џиндонг кој неодамна стана мнозински сопственик на клубот.

Не треба да се споменува дека причина за кавгата беше недоведувањето на ниту еден посакуван фудбалер во Интер.

Така Марко Пјаца заврши во Јувентус, додека Антонио Кандрева  и Аксел Витсел со милји се оддалечени од Џузепе Меаца.

Како што дознаваат медиумите од Италија, последна капка која ја прелее чашата е заминувањето и на Марсело Брозовиќ кој Манчини го сака во екипата, а сопствениците почувствувале шанса да заработат огромна сума на пари од негов трансфер.